Бизнис
17. July 2015 - 16:46

Две нови инвестиции и 4000 работни места највени пред Рамазан Бајрам

За два дена две нови инвестиции. Вчера америсканаката компанија Леар и владата  потпишаа договор за една од најголемите инвестиции во земјава. Гигантот за производство на автомобилски седишта почнува со работа во полошкиот регион.  Втората исто така американска , фабриката Ки Сејфти Системс, покрај објектот во Кичево кој работи со полна пареа, гради уште еден нов капацитет надвор од градот во индустриската зона. Новите фабрики освен што ќе пмогнат за локалниот економски развој во полошкиот и на  кичевскиот регион, тие ќе помогнати за креидрање на нови работни места и ангажирање на нови работници.

Новите две фабрики и претходните кои веќе подолго време фунцкионираат во зоните ширум земјава како и оние кои допрва треба да инвестираат , се доказ дека владините политики за привлекување на инвестиции даваат одлични резултати.  Затоа премиерот  Груевски потенцира дека , во идина државата ќе продлжи  да работи за дополнително подобрување на бизнис климата и создавање на услови за водење на бизнис.

Инвесстициите во зоните помогнаа значително да се зголеми и извозот од Македонија.

Во текот на овие два месеци ќе се интензивира инвестициската актинвост во земјава. Две нови фабрики почнуваат со производство, а уште четири со градба и тоа на територијата на цела Македонија.