Македонија
7. October 2020 - 11:11

Две наставнички позитивни на коронавирус, 15 првачиња во изолација

15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар од синоќа се во 14-дневна изолација, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот, пренесува ТВ24.

Информицијата за ТВ 24 ја потврдиле дел од родителите на децата, а неофицијално, не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата. 

Велат исплашени се бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со бабите и дедовците. 

Информацијата за ТВ 24 ја потврди и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Вели дека првачињата се во изолација, а на наставничките им се прави уште еден контролен тест, по што ќе има и повеќе информации.