Македонија
25. јуни 2018 - 11:28

Две момчиња повредени откако со автомобил удриле во ограда на бензинска

Две момчиња се повредени ноќеска откако со автомобил удриле во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртеле на магистралниот пат Градско - Прилеп. 

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска околу 01:30 часот на магистралниот пат Градско - Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.

Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.