Македонија
1. February 2019 - 15:40

Две момчиња повредени на тетовските улици

Несреќа на тетовските улици, автомобил со марка Сузуки Марути удри двајца пешаци.
 
- На 31.01.2019 околу 19,20 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Сузуки марути“ со тетовски регистерски таблици, управувано од О.М.(22) удрило во пешаците Х.М.(19) и А.Р. (25) од Тетово. Повредените пешаци  со истото возило биле пренесени во тетовската клиничка болница, стои во соопштението на МВР. 
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.