Македонија
13. October 2016 - 16:17

Две момчиња крвнички претепани со шипки и боксирачи во Скопје

Околу 23 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „10“ и „40“, 20-годишниот Б.С. и 18-годишниот Б.Ф. без повод и причина, физички биле нападнати од лицата Б.А. и С.А. од селото Визбегово и уште 10-15 непознати лица, кои биле со метални шипки и боксирачи.

Од нападот Б.С се здобил со тешки телесни повреди и не е контактибилен, додека Б.Ф. се здобил со телесни повреди. Истите се задржани на понатамошно лекување во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.