Македонија
1. јуни 2017 - 16:29

Две млади момчиња прободени со нож во Скопје

Околу 21 часот и 20 минути синоќа во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“  биле донесени 25-годишниот П.Р. и 33-годишниот Б.С. двајцата од Скопје, со убодни рани од нож.

Семејствата на повредените изјавиле дека најверојатно дошло до расправија помеѓу нив, но не знаеле точно што се случило.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.