Македонија
18. February 2020 - 10:38

Две млади момчиња приведени - низ Скопје шетале со нож

Вчера во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ извршиле преглед над Ш.М.(19) од с.Чојлане, скопско, при што пронашле нож.

Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. 

Два часа подоцна, во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонски војски“ извршиле преглед над Ф.С.(21) од с.Љубин, скопско, при што пронашле нож.

Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

По документирање на случаите, против лицата  ќе биде поднесен соодветен поднесок.