Македонија
29. August 2019 - 9:53

Две малолетни деца пронајдени заборавени во автомобил во Аеродром

Половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски - Бато во наслебата Аеродром биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години.
 
По пријава на соседи интервенирала полиција, ги искршиле прозорците и ги извадиле децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.
 
Од МВР за Сител потврдија дека имаат регистрирано ваква пријава, но детали за случајот најавија за во текот на денот. Засега нема информација како децата останале сами во автомобилот. 
 
 
Иван Кузмановски