Свет
23. February 2016 - 11:17

Две лица загинаа во железничка несреќа во Холандија

Две лица загинаа кога патнички воз излета од шините во близина на централниот холандски град Далфсен.

До несреќата дошло кога возот удрил во една дигалка која минувала преку железничката пруга на крстосница.

Како што јави Би-Би-Си, од силината на ударот возот се накривил на едната страна, а потоа се превртел во полето крај пругата, при што неколку вагони останале да лежат на едната страна.

Градоначалникот на местото Цволе, каде се случила несреќата, изјави дека во покрај загинатите, има и повредени патници, но дека не може точни да каже за колкумина станува збор.

Портпаролот на железничката компанија изјави дека возот излетал од шините во девет часот.