Балкан
6. February 2017 - 11:36

Две лица загинаа во пожар во Сараево

Две лица загинаа денеска во пожар предизвикан од експлозија на плинска боца во стан во босанскиот главен град Сараево, соопшти локалната Служба за брза помош.

- Засега имаме два смртни случаи во станот каде што се случи пожарот. Три наши екипи се уште ги згрижуваат повредените и затруените од јаглерод диоксид, изјави дежурниот лекар, Јасмина Хањалиќ за агенцијата ФЕНА.

Експлозијата се случила утрово во 8.55 часот.