Две лица загинаа во невремето во Грција
Двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици, материјална штета, остави зад себе невремето предизвикано од циклонот „Ианос“ во западниот и централниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во областа Тесалија, во два одвоени случаи, без извлечени безживотните тела на две лица, првите жртви од силното невреме.
Циклонот „Ианос“, предизвика сериозни материјални штети во повеќе делови на Грција, без струја останаа острови во Јонско Море, дел од пругата меѓу Атина и Солун претрпе штета и создаде проблеми во железничкиот сообраќај.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од почетокот на невремето во четвртокот вечерта, заклучно со рано утрово добиле 2.450 повици за помош, а интервенирале во спасување во 619 случаи.
Во регионите погодени од медитеранскиот циклон, по наредба на грчкиот премиер, заминуваат заменици- министрите за внатрешни работи и земјоделство и генералниот секретар за инфраструктура.
Кирјакос Мицотакис, како што соопштија од неговиот кабинет, истакнал дека „главната грижа во напорите е заштита на човечките животи“, а лично тој е во континуирана комуникација со Секретаријатот за цивилна заштита и надлежниот министер.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо