Свет
9. October 2016 - 15:35

Две лица загинаа во напад во Ерусалим

Две лица починаа, откако им подлегнаа на повредите со кои се здобија во нападот изутрината во источен Ерусалим, кога Палестинец отвори оган, изјави портпаролот на болницата „Хасада“, каде двете повредени лица биле однесени во критична состојба.

Полицијата претходно соопшти дека во нападот се ранети четири лица, меѓу кои и жена и полицец. 

Палестинецот отворил оган кон луѓето на трамвајска станица, по што полицајците кои почнале потера по него го убиле.

Според најновите податоци уште пет лица се здобиле со полесни повреди.