Балкан
14. јуни 2017 - 9:02

Две лица загинаа при пожар во хотел во Истанбул

Пожар изби синоќа во петкатен хотел во истанбулскиот кварт Фатих Купкап, при што загинаа две жени, кои им подлегнале на повредите во болница.

Двете жртви имале чилеански пасоши.

Пожарникарските екипи успеале да изнесат од зградата 35 лица, кои се наоѓале во објектот во моментот на несреќата.

Се претпоставува дека причина за пожарот е дефект во електричната инсталација. Хотелот бил од пониска категорија, какви што се повеќето во тој реон на стариот дел на Истанбул.