Свет
31. March 2018 - 18:48

Две лица загинаа при пад на мал авион во Франција

Се урна мал авион на автопат во централна Франција. Пилотот и патникот кои се наоѓале во авионот загинале при несреќата. 

Авионот падна во близина на градот Сен Шемон. 

Според очевидци, пилотот на авионот што летал на мала височина, ја изгубил контролата врз леталото.