-->
-->
Две лица загинаа при пад на хеликоптер во близина на Мармарис
-->
– Две лица загинаа, а петмина асе повредени по уривањето на пожарникарски хеликоптер кој летал кон турското летувалиште Мармарис, каде гори шума.
Во хеликоптерот имало двајца Руси и петмина турски државјани. Турското Министерство за внатрешни работи не го соопшти идентитетот на загинатите.
Сè уште не е позната причината за несреќата.
Во гаснење на шумскиот пожар во близина на Мармарис, за што се претпоставува дека е подметнат, вклучени се 15 хеликоптери и осум авиони, 500 пожарникари со 40 камиони-цистерни и полициски водени топови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи