Свет
29. August 2017 - 8:26

Две лица загинаа откако маж отвори оган во библиотека во Ново Мексико

Две лица се убиени, а четворица се повредени, откако маж извршил напад со огнено оружје во библиотека во градот Кловис, Ново Мексико. 

Напаѓачот е упасен. Тој се предал, откако полицијата влегла во зградата, соопштија локалните власти. 

Се уште не се познати мотивите за неговиот напад, јави БТА.  

Сведоци наведоа дека мажот, откако влегол во објектот почнал да пука во воздух.