Свет
6. March 2017 - 22:07

Две лица загинаа, а 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради бура во Франција

Париз, 6 март 2017 (МИА) - Поради тешка бура во Франција загинаа две лица, а 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија. 

Еден возач загинал откако врз неговиот камион паднала голема гранка, а другото лице загинало откако врз неговиот автомобил паднало 20-метарско дрво. 

На одредени места налетот на бурата достигнува до 193 километри на час. 

Три млади лица се тешко повредени во западна Франција, а четири деца се полесно повредени во југозападниот град Грив при пад на покрив на училиште.