Македонија
26. January 2021 - 10:32

Две лица возеле со брзина од над 70 км на час над дозволеното на автопатот Скопје - Тетово

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (25.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на автопатот Скопје - Тетово, при што санкционирани се 83 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Двајца возачи возеле дури над 70 километри на час над дозволеното, 27 возачи со над 50 километри на час над дозволеното...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.