Свет
17. April 2021 - 15:54

Две лица убиени, еден полицаец повреден при рутинска сообраќајна контрола во Сан Антонио

Две лица се убиени, а еден полицаец е повреден во Сан Антонио, Тексас, откако рутинска сообраќајна контрола се претвори во инцидент со пукање.

Началникот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека полицаецот е сместен во болница и дека може да зборува, објави весникот „Хил“.

– Би додал дека полицаецот е многу среќен што остана жив, затоа што беше погоден од непосредна близина и што беше ранет во раката, а не на друго место, рече Мекманус.

Тој додаде дека полицаецот, според прелиминарните извештаи, запрел автомобил во кој имало три лица. За време на контролата, возачот наводно извадил оружје и го удрил полицаецот во раката.

Потоа полицаецот возвратил, убивајќи двајца млади кои седеле напред, додека лицето на задното седиште е хоспитализирано.

Причината за пукањето не е позната, а камерата од полициската опрема покажува дека тој и возачот имале нормален разговор пред да започне пукањето.