-->
-->
Две лица тешко повредени во страотна сообраќајка во струмичко
-->
Вчера во 05.45 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на влезот во с.Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.М. (30) од с.Василево и патничко возило „Хјундаи Галопер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т. (67) од с.Муртино.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица, бил пренесен на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил и К.Т., кој по укажаната лекарска помош е задржан на лекување во Медицински центар Струмица.
Увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози