Македонија
31. May 2021 - 11:31

Две лица тешко повредени откако со возилото излетале од патот

На 30.05.2021 во 22.28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во с.Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Разловци, делчевско, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициско одделение Делчево.