Македонија
25. February 2021 - 11:50

Две лица се повредени откако со возилото излетале од коловозот

На 24.02.2021 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, во атар на с.Алинци, Д.И.(44) од Битола, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата, возачот и сопатникот В.Р.(38) од Битола се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Прилеп.