Македонија
31. January 2021 - 11:40

Две лица повредени во сообраќајна незгода во Скопје

Скопјанец со своето возило повредил две повозрасни жени.

На 30.01.2021 во 15.05 чaсот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„АСНОМ“ со ул.„Васко Карангелески“, патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(41) од Скопје, удрило во пешаците В.Г.(78) и О.Ш.(74), двете од Скопје.

Во незгодата В.Г. и О.Ш. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.