Македонија
19. February 2017 - 12:39

Две лица повредени во сообраќајки во тетовско

Две лица се тешко повредени во сообраќајни несреќи што се случиле вчера во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. 

Првата сообраќајка се случила околу 11:50 часот на локалниот пат за Челопек кога автомобилот „Пасат“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.П.(66) од Челопек налетал и удрил во пешакот И.И.(54) од истото село. Пешакот се здобил со тешка телесна повреда - скршеница на левата нога по што бил префрлен во тетовската Клиничка болница, каде по укажаната помош бил задржан за лекување. 

Во втората сообраќајка што се случила околу 18: 30 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Пирок учествувале две возила „Пасат“ со скопски регистерски таблички управуван од Ј.А.(72) од Скопје и „Ауди“ со гостиварски таблички управуван од З.А.(57) од гостиварското село Топлица. Во судирот со телесни повреди се здобила сопатничката од „Аудито“ Е.Џ.(23) која била пренесена и задржана во тетовската Клиничка болница за понатамошно лекување и набљудување на состојбата.

Јосифовски изјави дека полицијата по овластување на јавен обвинител на местата на двете сообраќајки извршила комплетен увид и се работи на утврдување на причините.