Македонија
28. February 2020 - 12:03

Две лица повредени во сообраќајка во Скопје

Вчера во 10,20 часот било пријавено дека на бул.“Никола Карев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Д.(36) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.Ј.(37) од с.Речица-кумановско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.С.(35) од Скопје сопатничка од возилото “голф“ со скопски регистарски ознаки, по што била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобил М.Д. и бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР- Скопје.