Македонија
8. August 2016 - 8:57

Две лица повредени во сообраќајка на патот Градско-Кавадарци

Две лица се повредени изутринава околу 7:30 часот во сообраќајна несреќа која се случи на патот Градско-Кавадарци. Сообраќајот е во прекин во двата правци.

Како што информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, кај месноста викана „Варниште“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила.

- Првичните информации се дека две лица се пренесени во Здравствен дом Кавадарци заради укажување лекарска помош. Увидот е во тек. Сообраќајот во двата правци е во прекин, соопшти Стојковска.