Македонија
21. February 2016 - 17:00

Две лица повредени во сообраќајка кај Плетвар

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот  на патниот правец Прилеп-Градско кај Ленишки мост.

Како што информира полицијата, настанал судир меѓу два руски камиона и патничко возило „Ситроен“ со прилепски регистерски таблички.  
 
Собраќајот на овој патен правец кој додека траеше увидот беше во прекин, од 16:25 часот повторно е нормализиран. 
 
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам/Facebook