Две лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје
Две лица се потешко повредени и две полесно повредени во две сообраќајни незгоди што се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Изминатиот ден, како што информира денеска полицијата, имало уште пет сообраќајки од кои во три со полесни повреди се здобиле три лица, а во две причинета е материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина, двајца возачи возеле под дејство на алкохол, осум возачи не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, а шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 62 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 81 возило.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот