Балкан
23. December 2016 - 8:55

Две лица по потекло од Косово уапсени во Германија поради тероризам

Две лица се уапсени во германскиот град Дуисбург, под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти изутринава полицијата.

Осомничените, двајца браќа од Косово на возраст од 28 и 31 година, планирале напад врз трговски центар во Оберхаузен.

Властите истражуваат до која фаза на подготовка за нападот стигнале двајцата браќа и дали се вмешани и други лица.

Полицијата соопшти дека во регионот на трговскиот центар и на божиќниот базар, кој е рамки на центарот се воведени закајнати бебедносни мерки.