Македонија
1. December 2019 - 10:38

Две лица осудени на затворски казни фатени на Табановце

Вчера во 09.30 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека Г.Д.(60) од Скопје се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.

На 30.11.2019 во 14.00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Ш.М.(36) од с.Сарај, скопско, се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

Двајцата осуденици се лишени од слобода и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.