Македонија
6. January 2021 - 12:59

Две лица од Тиквешијата позитивни на Ковид-19 починаа на скопска клиника

Двајца тиквешани позитивни на Ковид-19 починаа на скопска клиника. Информацијата ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Јовановски појасни дека станува збор за 81-годишен кавадарчанец и 66-годишно лице од Неготино.

Изминатите 24 часа евидентирани се нови 40 случаи позитивни на Ковид-19. Како што појасни Јовановски, 30 од Кавадарци, еден случај од Росоман, пет во Неготино и четири во Демир Капија. Сите се на возраст од 12 до 82 години.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.