Македонија
24. July 2015 - 11:39

Две лица лишени од слобода - Пронајдено оружјето со кое е убиен командант Шипоња

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место за вчерашната престрелка во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово.
 
- Поради основано сомнение дека делото го сториле две лица истите се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството. Надлежниот обвинител издаде наредби  за вршење обдукција, за вештачење на оружјето , на видео записи и траги од местото на настанот, соопштуваат од Јавното обвинителство.
 
Во престрелката се повредени две лица, на кои им е пружана медицинска помош.
 
Обвинителството продолжува со расветлување на настанот.