Македонија
18. October 2019 - 11:36

Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Вчера во 10.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Л.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Борис Сарафов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Синоќа во 22.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.А.(45) од Скопје пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.