Македонија
8. July 2019 - 10:47

Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Центар,О.Ф.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Капиштец“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Истиот ден во 22.50 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(45) од Скопје пријавил дека на булевар „Партизански одреди“неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.