Македонија
22. July 2016 - 14:40

Две лица извршиле разбојништво во маркет во Скопје

Две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол непозната марка, синоќа извршиле разбојништво над вработените во маркет на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје.

Сторителите, информира МВР, влегле во маркетот и со закана со пиштол од касите одзеле околу 50.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.