Македонија
28. March 2019 - 11:46

Две лица искасани од кучиња на скопскиот Кеј

Во Полициската станица Центар, вчера во 14:30 часот С. Ц. (69) од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 11.10 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Б.(55) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.45 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник за левата нога.