Фудбал
19. May 2016 - 18:10

Две куп титули за Академија Пандев

Младинците на Академија Пандев  забележаа минимална победа над Вардар со резултат 1:0 во финалето од Купот на Македонија во младинска конкуренција одигран на Тренинг центарот „Петар Милошевски’. По  неколку неискористени шанси конечно во 84. минута беше скршен мразот, Филип Михаилов погоди за голема радост и победа на екипата на Академија Пандев со 1:0.
 
Во финалето во кадетска конкуренција  Академија Пандев повторно против Вардар славеше со 1-0.
Стрелец на голот беше Кристијан Трапановски во 88м.