Македонија
22. December 2016 - 9:32

Две книги со афоризми од Христо Петрески

Издавачката куќа „Феникс“ објави две книги со афоризми од Христо Петрески - „Филозофија на брзањето“ и „Лаење без каење“. Книгите содржат по сто афоризми кои, како што информира издавачот, се однесуваат на секојдневието, размислувањата, заблудите, вознесите, разочарувањата, градот, апсурдите и парадоксите.

- Со афоризми преточени во вид на филозофеми Христо Петрески е застапен во Антологијата на македонскиот современ афоризам „Врели мразови“ што ја подготви Васил Толевски, а Петрески неодамна беше учесник и на Првиот меѓународен фестивал на хумор и сатира „Голема празнина за голем лет“ во Белград, соопшти „Феникс“.