Џет-Сет
3. November 2017 - 10:00

Две ипол години спиевме во одвоени соби: Прозборе поранешниот сопруг на Дара Бубамара и откри на што личел нивниот брак и зошто се оженил за пејачката

Милан Кешиќ, поранешниот маж на Дара Бубамара конечно прозборе за бракот и односот кој го имал со пејачката.
 
Како што вели, за Дара нема ниту еден лош збор и тврди дека токму од пејачката дознал дека има ново момче. 
 
- Меѓу првите дознав кога Дара почна да се забавува со сегашното момче, таа ми кажа. Не го запознав, но немам ништо против ако се случи и тоа. И јас имам девојка, Марија се вика. Се запознавме преку пријатели, веќе подолго време сме заедно, многу пред што Дара си фати момче. Дара е многу позитивна личност, прекрасна и чесна, вели Милан. 
 
Меѓутоа, кога е во прашање нивниот брак, Милан искрено опишал како тој изгледал и колку долго спиеле во одвоени соби. 
 
- Дара и јас се познаваме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Малку е тешко да ви го опишам тој наш однос, доста е специфичен. Вистината е дека Дара и јас никогаш не сме биле во вистински брак, воглавно нашиот однос беше заснован од пријателство и почит, вели Милан. 
 
- Постоеше некоја страст меѓу нас, тогаш Дара остана бремена, па тогаш се венчавме. Меѓутоа, последните две ипол години немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во раздвоени соби. Таа е како и секоја жена, мораше да излегува и да запознае некого. Мене тоа не ми сметаше, ја почитував секоја нејзина одлука, раскажал Милан. 
 
Кога се во прашање недвижностоте, Милан тврди дека се е препишано на синот Коста. 
 
- три стана во Белград, имот на Фрушката гора, многу недвижнини во Париз оставивме се на Коста. Мојата сестра и јас на Коста му уплаќаме секој месец по 500 евра на сметка,  вели Милан. 
 
Иако некое време се шпекулираше дека Дара со Милан била од корист, тој вели дека не е вистина. 
 
- Никогаш ништо не бараше бидејќи доволно заработуваше. Точно е дека и помагам да добие француско државјанство. Имаше право на 10 години, тоа и истече и сега ги средуваме документите за да добие постојано државјанство, вели Милан.