Балкан
23. February 2017 - 12:09

Две илјади сириски бегалци ќе добијат турско државјанство

Две илјади сириски бегалци наскоро ќе добијат турско државјанство, изјави градоначалникот на Истанбул, Васил Шахин, пишува весникот „Акшам“.

Тоа е првата група Сиријци, кои престојуваат во Турција како бегалци, на кои ќе им биде доделено турско државјанство.

Нивните документи се испратени во Анкара и според весникот почнала процедурата за добивање лични карти.

Во блиска иднина предвидено е вкупно десет илјади Сиријци да добијат лични карти како турски граѓани.