Свет
8. March 2016 - 11:35

Две илјади лица евакуирани во Москва поради дојава за бомба

Околу две илјади лица се евакуирани денеска од пазарот Рижски во центарот на Москва поради анонимна закана за поставена бомба, јави ТАСС.

- Анонимна личности јавила на полицијата дека на пазарот е поставена бомба. Полицискиот тим стигнал на местото и организираше евакуација на околу две илјади лица, се наведува во полициското соопштение. 

Полициски кучиња го пребаруваат пазарот во потрага по експлозивната направа.