Македонија
14. July 2019 - 15:24

Две физички пресметки на одвоени локации во Кичево

Во раните утрински часови околу 01.00 часот по полноќ, пред угостителски објект лоциран на улицата „11 Октомври“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица врз А.Е. 23 години од селото Зајас.

Од МВР соопштуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Вчера во попладневните часови во 15 часот и 40 минути, Р.К.60 годишен од Кичево, пријавил дека во атарот на селото Србјани, физички бил нападнат од Б.О. 55 години. Против него, ќе биде поднесена пријава според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.