Бизнис
24. October 2018 - 15:29

Две фирми побарале лиценца за овластен економски оператор

Два економски субјекта до крајот на годината ќе ја добијат лиценца и ќе бидат првите економски овластени оператори кои ќе вршат царински контроли со значително олеснети процедури. Барањата се пред одобрување, а се поднесени од  компанија од производството и од компанија која се занимава со шпедиција, логистика и транспорт.

Според информациите станува збор за „Европа“ и Фершпед. Се очекува бројот на лиценцирани економски овластени оператори да достинге 150.

Ова беше посочено денеска на претставување на овој нов концепт од страна на Царинската управа на Република Македонија пред членките на Сојузот на стопански комори на Македонија.

-Концептот на овластен економски оператор се занова на партнерство меѓу Царината и деловната заедница што е воведен од Светската царинска организација и прифатен во дополнителниот протокол 5 со што се измени ЦЕФТА Договорот. Статусот на овластен економски оператор е меѓународно призната марка за квалитет која укажува на тоа дека економските оператори во РМ како што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓунаропдниот синџир на снабдувње се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласни, рече директорот на Царинската управа на РМ Ѓоко Танасоски.

Тој додаде дека преку овластениот економски оператор се олеснува и забрзува меѓународната трговија и дека царинските постапки се одвиваат со минимум потребното време само за проверка на документи и дека се намалуваат и трошоците за економските субјекти.

Напомена дека концептот засега функцонира во земјите членки на ЦЕФТА, а понатаму и во земјите на ЕУ и апелираше до компаниите да ги искористат предностите што ги нуди овој концепт.

Најголем интерес за добивање лиценца за овластен економски оператор, како што посочи претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска има од оние што се занимаваат со транспорт, логистика и шпедиција.

– Веруваме нашите компании како овластени економски оператори ќе бидат позитивен пример и ќе ги поттикнат и останатите да се стекнат со статусот овластен економски оператор како гаранција за кредибилна компанија во меѓународни рамки. Придобивките за стекнување статус на овластен економски оператор кај компаниите се бројни од аспект на олеснување и забрзување на трговијата, промовирање на извозот и економскиот раст, истакна Арсовска.

Таа додаде дека компаниите што ќе се стекнат со статусот овластен економски оператор ги задоволуваат предвидените законски критериумите и се сметаат за безбеден и сигурен партнер во трговскиот синџир на снабдување.

Оцени дека стекнувањето на статус овластен економски оператор за домашните компании е исто така предизвик затоа што станува збор за процес на имплементација на високи стандарди.

Компаниите што ќе се стекнат со статусот овластен економски оператор ќе имаат поедноставни, побрзи и поевтини постапки. Се апелира особено до извозните компании да ги испитаат условите за стекнување статус овластен економски оператор и да ја зголемат конкуреноста.