Loading Video...
Свет
30. April 2018 - 16:40

Две експлозии во Кабул: 25 лица загинаа, од кои седум новинари и еден фоторепортер

Најмалку 25 луѓе загинаа во  координиран  двоен  самоубиствен бомбашки напад во Кабул, во близина на седиштето  на тајната служба на Авганистан.

Меѓу жртвите се седум авганистански новинари, четворица полицајци и еден фоторепортер на мегународната новинска агенција Франс Прес со седиште во Лондон.

Тие загинале откако вториот бомбаш  преправен како телевизиски снимател го активирал неговиот експлозив  на местото на првата експлозија. 

Одговорноста за крворполевањето ја презеде ИД.