Живот
30. March 2016 - 16:20

Две децении ја барала својата мајка, а тогаш открила нешто што ја шокирало!

Џени Томас (40) минала 20 години во потрага на својата биолошка мајка, за во емисијата на каналот ТЛЦ сфати дека некогаш работела со нејзе.
 
Таа се појавила во реалното шоу на каналот ТЛЦ со цел да ја пронајде својата мајка, за која верувала дека не ја видела од својата четврта година, кога е дадена на посвојување.
 
Во емисијата таа држи слика од нејзината мајка и ја изговара реченицата: "О мој Боже, јас неа ја знам!"
 
Џени своето искуство го раскажала и на Њу Јорк Пост и објаснила дека две години работела со нејзе, а дека немала претстава дека Нита Велез е нејзината биолошка мајка. Според нејзините зборови, тие две често комуницирале во болница во која работела како болничарка.
 
- Видов толку различни лица во тие години, дали ствари е таа? Дали знае таа која сум јас? - повторувала Џени во шок.
 
Исто така додала дека не чуствува некоја посебна емоционална поврзаност со таа жена, но дека добро се согласувале. Истакнала дека госпоѓата Велез често се смеела на нејзините шеги како и дека никогаш не го надминале тој професионален однос.
 
Заедно со Џени, 15 други луѓе ќе се најдат на емисијата која се занимава со пронаоѓање на одамна изгубени родители.