Живот
18. March 2019 - 9:50

Две деца се удавија: Мајката ги оставила заклучени во автомобил, си играле со менувачот и завршија во поток

Џена Моник Пејн (25) е уапсена откако во бизарна сообраќајна несреќа настрадаа две од нејзините три деца, во градот Лиланд во Мисисипи.

Како што се наведува, таа децата, Стив Смит (4), Рашид Џонсон Јуниор (1) и Релин Џонсон (2) ги оставила во автомобил на пет или десет минути додека била во продавница, а четиригодишниот Стив тоа го искористил да ги стави клучевите во контакт бравата, како и да го помести менувачот за брзини во неутрална положба, поради што автомобилот тргнал и слетал во поток.

Според соопштението на полицијата, во таа прилика Стив (4) и Рашид (1) се удавиле, додека Релин (2) е спасен додека автомобилот плутал на површината.

Пејн не можела да и објасни на полицијата како дошло до тоа автомобилот да го заклучи и да ги остави клучевите внатре заедно со децата.

Полицијата ја уапси мајката, која потоа е пуштена од притвор и ќе се брани од слобода.