Македонија
22. September 2019 - 15:23

Две апсења во Неготино поради дрога

Ноќеска во 02.00 часот во угостителски објект во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(25) од Неготино поради тоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходно во 01.15 часот во близина на автобуска станица во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле С.Ј.(23) Кавадарци, поради тоа што при преглед кај него биле пронајдени ќесички со грутчеста материја во бела боја и таблети.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.