Македонија
7. January 2020 - 11:52

Две апсења на граничните премини - скопски аеродром и Јажинце

Вчера во 17.20 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ од слобода бил лишен К.Ѓ.(63) од Скопје поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) по барање на СВР-Скопје. Подоцна, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Истиот ден,  во 20.10 часот на Граничен премин „Јажинце“ од слобода бил лишен Џ.Б.(51) од с.Чајле, гостиварско, поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „Апси“ за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. Подоцна, тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Чегране за понатамошна постапка.