Македонија
17. јуни 2020 - 17:34

Двата аеродроми во земјава засега остануваат затворени

Двата аеродроми во земјава засега остануваат затворени, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Сметаме дека се уште е рано. Прво што ќе дискутираме е отворање на сувоземните гранични премини и тоа во договор со околните земји. Мора да се анализира епидемиолошката состојба во околните земји, односно како се работи во идентификација на контактите. Има многу парметри, во смисла на тоа колку се хоспитализирани, колку се асимптоматски и за тоа ќе се дискутира за време на викендот“, рече Филипче.