Дванаесетгодишник осомничен за обид за активирање бомба
Германската Влада изрази шокираност од извештаи во медиуми дека 12-годишно дете сакало да активира рачно изработена бомба за време на Божиќна прослава во градот Лудвигсхафен.
– Тоа се разбира, е вест која сите не шокира, изјави Штефан Зајберт, портпарол на Владата.
Тој доаде дека нема да го коментира случајот се додека не заврши истрагата на обвинителите.
Според Фокус, во прашање е дете со потекло од Ирак и има германско државјанство. Нападот според медиумите, требало да го изврши во градот каде е роден - Лудвигсхафен.
Фокус наведува дека детето е „исклучително радикализирано“ и дека инструкции добива од член на ИД.
На 26 ноември тој оставил ранец на пазар во кој се наоѓала бомба што не експлодирала бидејќи откажал детонаторот. Полицијата го привела детето кое сега е во поправен дом.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана